ПСЖ наскоро нема да биде најбогат клуб во Франција?!

Доминацијата на ПСЖ во француската Лига 1 може наскоро да заврши и тоа доколку Монако добие нови сопственици и тоа од Саудиска Арабија.

Актуелниот сопственик на Монако, рускиот милијардер, Дмитриј Риболовљев, неодамна изјави дека сака да ги продаде своите 65 отсто од акциите во францускиот тим, а француските медиуми објавија дека сериозен интерес пројавил саудиски принц.

Според медиумите, станува збор за принцот Ал Валид Бин Талал, кој во минатото беше заинтересиран да го купи Олимпик Марсеј.

Богатството на принцот Бин Талал се проценува на околу 20 милијарди долари, но покрај тоа би имал и поддршка од Саудискиот инвестициски фонд (ПИФ) кој е сопственик на Њукасл и четирите најголеми тима во Саудиска Арабија, Ал-Хилал, Ал-Итихад, Ал-Наср и АЛ-Ахли.

Доколку принцот Бил Талал стане нов сопственик на Монако, тогаш ПСЖ повеќе нема да биде најбогат клуб во Франција.

Клучниот збор во продажбата на Монако ќе има принцот на Кнежевството, Алберт Втори, кој веќе имал средба со саудискиот принц Бил Талал.

Риболовљев во 2011 година купи 65 отсто од акциите на Монако и успеа клубот да го врати во врвот на францускиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести