Ѓоковиќ со ново шоу: Облечен како кловн ги изненади децата на црногорското приморје (Видео)

Новак Ѓоковиќ паузира од настапите на мастерс турнирите, но останува да биде актуелен и тоа со своите изведби надвор од теренот. Луѓето кои престојуваа во црногорскиот град Тиват беа изненадени кога покрај обалата на Јадранското море, облечен како кловн се појави најдобриот тенисер во светот.

Вистинска еуфорија се случи посебно меѓу најмладите кога го здогледаа Ѓоковиќ, а тенисерот со рекетот во рака се обидуваше да им ги покаже првите чекори од овој спорт.

Ѓоковиќ се подготвува за мастерсот во Рим, а потоа следува Гренд слем турнирот на Ролан Гарос, а потоа и настапот на Вимблдон и Олимписките игри.

- Оглас -

Најнови вести