ПСЖ со реми ја започна новата сезона во Лига 1. Светците на „Паркот на принцевите“ одиграа без голови против Лориен.
Ремито против Лориен покажа дека ПСЖ не е толку моќен без главните ѕвезди кои сè уште се дел од тимот, Килијан Мбапе и Нејмар.
Светците доминираа, имаа 75 отсто посед на топката, но без Мбапе и Нејмар, упатија само четири шута во рамките на голот на Мвого.
Интересно е што ПСЖ и Лориен по четвртипат играат меѓу себе во првото коло во Лига 1, но ниту еднаш не успеале Светците да слават.