6001 Макаби Хаифа – Јувентус (18.45 часот)
Јувентус игра далеку под очекувањата сезонава, и изминатото коло во Серија А беше надигран и совладан од Милан со 2:0. Работите не одат според очекуваното и во Лигата на шампионите каде дури минатата недела ја остварија првата победа и тоа над вечерашниот противник (3:1). Тренерот Масимилијано Алегри се чини дека вечерва има последна шанса да ја спаси работата и се очекува да тргне офанзивно уште од првата минута. Израелскиот шампион носен од бучните домашни навивачи игра одлично на домашен терен и во досегашните натпревари во квалификациите и во групната фаза во Лигата на шампионите секогаш постигнуваше барем еден гол.
Предлог тип: ГГ3+ (2.30)
6008 ПСЖ – Бенфика (21.00 часот)
ПСЖ во претходното коло одигра 1:1 во Лисабон против вечерашниот противник иако настапи со најсилниот состав. ПСЖ одигра без голови против Ремс во последното коло во Лига 1, додека Бенфика рутински со 4:2 го совлада Рио Аве. На „Паркот на принцевите“, францускиот тим предводен од Нејмар и Килијан Мбапе во нападот да тргне офанзивно од првата минута иако е неизвесен настапот на Лионел Меси.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.30)
6003 Милан – Челси (21.00 часот)
Првиот натпревар заврши со убедлив триумф на Челси од 3:0 и тоа беше прва победа на менаџерот Греем Потер во Лигата на шампионите. Челси изминатиот викенд со 3:0 го совлада Вулверхемптон иако Потер одмораше дел од првотимците, додека Милан во дербито со 2:0 го совлада Јувентус. „Росонерите“ осоколени по победата над Јувентус, сигурно е дека вечерва ќе бараат одмазда за поразот минатата среда.Челси досега еднаш гостувал на „Сан Сиро“ во Лигата на шампионите и одиграл 1:1 пред 23 години.
Предлог тип: 1Х & 2-5 (2.30)
1241 Данди Јунајтед – Хибернијан (20.45 часот)
Данди јунајтед е последнопласиран тим во шкотската Премиер лига со само една победа која ја оствари во последното коло. Данди со 4:0 го совлада тимот на Бојан Миовски, Абердин и најави подобри игри и резултати. Хибернијан се наоѓа на третото место на табелата зад Селтик и Ренџерс и е во серија од четири победи по ред. Хендикеп за гостите ќе претставува неиграњето на четврорица фудбалери кои се повредени.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.80)
6005 Динамо Загреб – Салцбург (21.00 часот)
Динамо Загреб за кого настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, загуби во претходниот натпревар од Салцбург со 1:0, но сега игра пред домашните фанови. На првиот натпревар во ЛШ сезонава во Загреб, Динамо го совлада Челси, додека австрискиот тим на гостувањето во Лондон остана непоразен. Проблем за Салцбург претставуваат повредите на Фернандо, Камери, Окох, Омореги и Тијани, па тренерот Матијас Јаилс ќе мора да комбинира за вечерашниот натпревар во Загреб.
Предлог тип: 1 & 0-3 (3.85)