ПСЖ остана без тројцата голмани, ќе бранат ли Серхио Рамос или Меси на следниот меч?

Пари Сен Жермен се соочува со сериозен проблем на голманската позиција пред осминафиналниот дуел со Ница од Купот на Франција, кој треба да се игра в понеделник.

Џиџи Донарума има повреда и ќе мора да паузира уште десетина дена. Кејлор Навас наредната недела ќе биде со националниот тим на Костарика. Серхио Рико беше позајмен во Мајорка, а третиот голман Александре Летелие е повреден.

Ова значи дека тренерот Маурисио Покетино за средбата со Ница ќе мора да ги користи младинците Денис Франки и Лукас Лавалe. Ниту еден од нив досега нема дебитирано за првиот состав на Светците.

- Оглас -

Најнови вести