21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

ПСЖ планира да го направи Мбапе фудбалер со најголема плата во историјата

Килјан Мбапе има договор кој го обврзува да остане во Пари Сен Жермен до 2022 година. Францускиот репрезентативец има договор на 20,7 милиони евра по сезона, а кога ќе се одземат даноците, му остануваат „само“ 15 милиони евра.

Оваа сума која ја добива Мбапе е многу помала од тоа што моментно заработува Нејмар во ПСЖ. Бразилецот има плата од 37 милиони евра по сезона, но сигурно нема уште долго време да помине за Мбапе да го надмине соиграчот.

Францускиот првак е подготовен да му го продолжи договорот на Мбапе, но напаѓачот досега двапати ја одбиваше понудата. Сега Светците најавуваат дека за да го задржат еден од најдобрите играчи, подготвени се да одвојат 250 милиони евра за нов петгодишен договор. Тоа значи дека Мбапе би добивал 50 милиони евра по сезона, односно тоа би било речиси по еден милион евра неделна плата.

 

- Оглас -

Најнови вести