ПСЖ почна да гази, Мбапе и Ди Марија ѝ пресудија на Ница (Видео)

Килијан Мбапе и Анхел Ди Марија беа доволни за победа на ПСЖ од 3-0 на гостувањето кај Ница. За ПСЖ ова е втора победа по ред, откако сезоната ја отворија со два минимални порази во мечеви кога тимот беше преполовен поради отсуства за коронавирус. Од друга страна, Ница тргна со две победи, но сега има два порази едноподруго.

Мбапе погоди од пенал и погодокот му го посвети на повредениот соиграч Хуан Бернат. Потоа Мбапе имаше феноменален продор, но неговиот шут го одбрани голманот на Ница, а на одбиената топката натрча Ди Марија за 2-0. Аргентинецот беше асистент при третиот гол кога му нафрли на Маркињос кој со глава даде гол за конечни 3-0.

Погледнете го вториот гол на францускиот првак:

- Оглас -

Најнови вести