Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, добил изненадувачка понуда од францускиот првак Пари Сен Жермен. Парижаните веројатно летово ќе се простат со актуелниот капитен Тијаго Силва, и бараат друга ѕвезда да го замени во одбраната.
Рамос е лидер во Реал, со кој освои по четири титули во Шпанија и Лигата на шампионите, а дресот на Кралскиот клуб го носи од 2006 кога дојде од Севилја. Според шпекулациите на „Дон Балон“, заминувањето на Рамос од „Бернабеу” е извесно, и парижани сакаат да го искористат тоа.
Рамос има одиграно 640 мача за Реал Мадрид и постигнати дури 91 голови.