И покрај отсуството на ѕвездите Дембеле, Дуе, Маркињос и Кварацхелија, екипата на ПСЖ покажа дека не случајно е европски првак и успеа да освои три бода на гостувањето кај силната Барселона.
Дуелот заврши 2-1 за ПСЖ, иако Каталонците водеа со 1-0. Победничкиот гол беше дело на Гонзало Рамош во 90-тата минута, кој комплетираше контра на гостите кои се покажаа како физички надмоќни и на „мускули“ ја добија Барса, која физички не можеше да парира во финишот.
Наполи со два гола на Хојлунд по асистенции на Де Бројне го совлада Спортинг Лисабон со 2-1, а Елиф Елмас не доби шанса да влезе во игра.
Од сите екипи кои играа на вечерашните седум меча од 21 часот, само Олимпијакос не даде гол и беше поразен 0-2 во Лондон од Арсенал.
На два меча резултатот беше 2-2, и тоа Вилјареал – Јувентус и Монако – Манчестер сити. Вилјареал и Монако се спасуваа од пораз со голови во 90-тата минута.

