22.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

ПСЖ сака да му ја намали платата на Донарума, Баерн и Сити ја чекаат разврската

Францускиот и европски првак Пари Сен Жермен води преговори со својот голман Џанлуиџи Донарума околу продолжување на договорот. Раководството на ПСЖ му понудило на 26-годишниот италијански репрезентативец нов договор, но со намалување на платата.

Актуелниот договор на Донарума е со важност до летото 2026 година, при што годишно инкасира околу 12 милиони евра.

И покрај тоа што Донарума изразил желба да остане на „Паркот на принцовите“, двете страни сè уште не постигнале конечен договор.

Во меѓувреме, ситуацијата ја следат и европските гиганти Баерн Минхен и Манчестер сити, кои покажаа интерес за Донарума.

Во сезоната 2023/24, Италијанецот забележа 47 настапи во сите конкуренции, притоа примајќи 43 гола, но и 17 натпревари без примен погодок.

- Оглас -

Најнови вести