Францурскиот првак Пари Сен Жермен победи на гостувањето кај Мец со 2:3 во дуел од 16 коло на Лига 1. Мец е на дното на табелата со само 11 бодови, но даде голем отпор против шампионот. Со овој триумф ПСЖ повторно е лидер на табелата со 36 бодови, два повеќе од Ленс кој в недела на свој терен ќе игра против Ница.
Во првите 30 минути немаше голови, а потоа следуваа два погодоци за ПСЖ. Рамос и Ндјанту донесоа радост за гостите, но Мец до полувремето намали на 1:2. Светците со погодокот на Дуе поведоа со 3:1 во 63 минута, но Цитаишвили ја врати неизвесноста кога погоди за 2:3 во 80 минута.

