Поранешниот селектор на Шпанија, Луис Енрике, најверојатно ќе биде новиот тренер на ПСЖ, пишува „Лекип“.
Преговорите се во завршна фаза, спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос и Енрике, успеале да најдат заеднички јазик и Шпанецот наскоро и официјално ќе биде промовиран како нов тренер на Светците.
Luis Enrique is expected to be PSG's next manager, reports @lequipe pic.twitter.com/GO0sz7o5ud
— B/R Football (@brfootball) June 18, 2023
Последен ангажман на Енрике беше на клупата на Шпанија, но по елиминациајата во нокаут-фазата, си поднесе оставка. Пред Шпанија, Енрике ја водеше Барселона од 2014 до 2017 година и ги освои сите трофеи што може да се освојат. Претходно работеше и во Рома и во Селта.