Пари Сен Жермен го крена влогот многу повисоко и се вмеша во трката со Барселона за ангажман на Џио Вијналдум од Ливерпул. Популарните Светци од Париз, односно богатите шеици од Катар, кои владеат во клубот му нудат на Вијналдум 8 милиони евра плата по сезона, што е над 2.5 пати повеќе од понудата на Барселона за годишна плата од 3 милиони евра.
Каталонците веќе сметаат дека работата со холандскиот репрезентативец е завршена, па планираа и да испратат свои медицински лица во кампот на Лалињата за да се заврши и процедурата со прегледите пред потписот на договорот.
Вијналдум изрази желба да игра за Барса, но сега ПСЖ нуди многу повеќе пари, па ќе биде интересен расплетот на трансферот на играчот што сигурно ќе си замине од Ливерпул.