Младиот Дро Фернандес и официјално е нов фудбалер на ПСЖ откако изненадувачки одлучи да ја напушти Барселона и да се пресели во редовите на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите.
Осумнаесетгодишниот фудбалер важеше за голема надеж на Каталонците, но под изговор дека не добива доволно минутажа се одлучи на неочекуван потег. Неговата откупна клаузула изнесуваше шест милиони евра, но ПСЖ одлучи да го исполни барањето на Каталонците и да исплати 8,2 милиони евра.
Ова го договориле лично Лапорта и Ал-Келаифи, а во Шпанија ваквиот потег се отценува како затоплување на односите помеѓу двата клуба бидејќи ПСЖ воопшто и немаше потреба да плати повеќе од она што го имаше во договорот на Дро и Барселона.

