ПСЖ во седум дена ќе се бори за два трофеи

Фудбалската федерација на Франција ги одреди датумите за финалните натпревари во францускиот Куп и Лига Купот.

Двата меча за трофеј ќе се одржат во период од седум дена, шампионот ПСЖ во една недела ќе се обиде да ги спои пехарите и сезоната да ја комплетира со домашна тројна круна, откако веќе ја доби титулата во шампионатот по прекинувањето на сезоната уште во април, за време на пандемијата со корона-вирусот.

Финалето во францускиот Куп меѓу ПСЖ и Сент Етјен ќе се одржи на 24 јули, додека седум дена подоцна, на 31 јули, Светците против Лион ќе се борат трофејот во Лига Купот. Добра вест е што и двата меча ќе се играат пред ограничен број на публика, се очекува да има повеќе од 5.000 гледачи.

Како што е веќе познато, новата сезона 2020/21 во Лига 1 ќе почне на 22 август. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести