Одреден датумот за новата сезона во Лига 1

Французите се главна тема изминативе два дена по одлуката да се прекине сезоната. Титула е доделена на старо-новиот шампион Пари Сен Жермен, додека Олимпик Марсеј и Рен ќе ги следат Светците во Лигата на шампионите.

Бурни реакции има од таборот на Олимпик Лион, тимот кој по 23 години нема да учествува во ниту едно од континенталните натпреварувања, а Лил, Римс и Ница ќе играат во Лигата на Европа. Во Лига 2 отпаднаа Амиен и Тулуз, промоција изборија Лориен и Ленс.

Французите сега одредија и датум за почеток на сезоната 2020/21, а доколу има услови истата ќе почне на 22 август. Стартот на новата сезона ќе се одложи доколку француската Влада одлучи дека ситуацијата не е безбедна, а доколку се придржат до првичниот план натпреварите ќе се играат без публика до средината на септември.

- Оглас -

Најнови вести