4 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

ПСЖ за само шест милиони евра ќе го „украде“ големиот талент од Барселона

Еден од најголемите таленти од младинската школа на Барселона, Педро Фернандес попознат како Дро, ќе биде нов играч на Пари Сен Жермен. Според најавите, 18-годишниот тинејџер веќе се согласил да потпише четири и пол годишен договор со актуелниот европски првак.

Францускиот тим го следеше развојот на Дро и успеа да ја искористи незаинтересираноста на Барселона, па договорот на талентот може да биде раскинат со плаќање на само шест милиони евра, сума која не е никаков проблем за ПСЖ да ја исплати.

- Оглас -

Најнови вести