ПСЖ заврши 15-ти во лигашкиот дел, но исфрли три премиерлигаши за финале

Пласманот во финалето на Лигата на шампионите е голем успех за Пари Сен Жермен, тим кој летоска остана без својот најдобар играч, но и тогаш тренерот Луис Енрике беше убеден дека ќе станат подобри и повеќе ќе играат како тим.

Сепак, во октомври и ноември Светците воопшто не блескаа, се мачеа во лигашката фаза, во која имаа и тежок распоред, им се закануваше опасност да не влезат ни во разигрувањето за осминафиналето, но со три победи по ред во последните три кола дојдоа до 15-тата позиција.

Потоа се засилија со Хвича Кварацхелија, Усман Дембеле стана машина за голови и сега се многу поразличен тим отколку пред половина година.

Влегоа во осминафиналето, таму ги чекаше „најдобриот тим во Европа“, Ливерпул, но го исфрлија и покажаа дека се сериозен тим. Елиминираа уште два англиски тима, Астон вила и Арсенал, и еве ги во финале.

- Оглас -

Најнови вести