Публиката полуде, прва голманска тепачка во НХЛ по седум години (Видео)

Голманите Мајк Смит од Едмонтон ојлерс и Кем Талбот од Калгари флејмс приредија невидено шоу на мразот откако почнаа да се тепаат еден против друг и тоа е првпат по цели седум години на меч од НХЛ-лигата да се степаат голмани.

Иако за време на мечевите стојат далеку еден од друг, ривалите од клубовите од канадската сојузна држава Алберта дојдоа еден до друг, во стилот на ферплејот ги фрлија палките и заштитните кациги, па почнаа да си разменуваат боксови во стилот на најдобрите во тешка категорија. Се разбира, двајцата беа исклучени, но тоа е најмалку важно, публиката уживаше во шоуто.

https://www.youtube.com/watch?v=NgIv2rngjjw&feature=emb_title

- Оглас -

Најнови вести