Трет меч по ред Новак Ѓоковиќ губеше со 1:0 во сетови, но на крајот стигнува до победа на Мастерс турнирот во Париз. Последен во низата победи со ваков пресврт се случи синоќа кога Србинот беше подобар од Андреј Рубљов со 2-1 по сетови, во меч кој траеше точно три часа.
И на овој меч како и на претходните неколку, дел од публиката на трибините во Париз, со свирежи го испраќаат Ѓоковиќ, но Србинот овојпат им подготви едно „изненадување“. По завршување на полуфиналето, најдобриот тенисер во светот, со гестикулации покажа кон меѓуножјето викајќи „Му*а“.
Ѓоковиќ денеска од 15 часот ќе игра во финалето на Мастерсот во Париз, а противник ќе му биде бугарскиот тенисер Григор Димитров.