Ѓоковиќ уште еднаш докажа зошто е најдобар на светот: Драма и пресврт за финале во Париз

Новак Ѓоковиќ е вториот финалист на АТП Мастерс турнирот во Париз, откако вечерва после голема драма го совлада русинот Андреј Рубљов со 2-1 по сетови.

Србинот одлично го отвори мечот и уште во првиот гејм успеа да направи брејк, но Рубљов врати со рибрејк веќе во вториот гејм. Третиот и последен брејк во првиот сет беше во 12-тиот гејм, а го освои рускиот тенисер за водство од 1-0 во сетови. Вториот сет мина без брејк и беше одлучен во тајбрејкот, кој му припадна на србинот со 7-3 на поени.

Вистинска драма се случуваше во последниот сет, кој го освои Ѓоковиќ со 7-5, а за тоа му беше потребен само еден брејк и тоа во последниот, 12-ти гејм.

Во финалето на Мастерсот во Париз, најдобриот тенисер во светот ќе игра против Григор Димитров од Бугарија.

- Оглас -

Најнови вести