Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера во два сета го реши Стефанос Циципас на стартот од завршниот АТП-мастерс турнир, а во својата ложа имаше двајца специјални гости од светот на фудбалот.
Поддршка на Ѓоковиќ му дадоа поранешниот тренер на Црвена ѕвезда и актуелен стратег на Сампдорија, Дејан Станковиќ, и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, кој не беше добро дочекан од публиката.
Но, со свирежи беше пропратено секое појавување на ликот на Алегри на семафорот во салата „Алпитур“.
https://twitter.com/i/status/1592271496658894848
Јувентус очајно ја започна сезоната и испадна од Лигата на шампионите, но го поправи впечатокот со шесте победи по ред во Серија А. Но, поради Светското првенство во Катар, сезоната во Серија А е прекината и ќе продолжи на 4 јануари идната година, а Јувентус тогаш ќе игра против Кремонезе на гости.