Пулгар со еврогол се обиде да го нокаутира Милан, Росонерите имаа победнички гард (Видео)

Ерик Пулгар со еврогол од слободен удар се обиде да го нокаутира Милан, но Росонерите имаа победнички гард и славеа со 3:2 во одличен меч на „Артемио Франки“ против Фиорентина.

Имаше многу шанси, пет голови, еврогол на Пулгар и два пресврти во еден од најдобрите натпревари во Серија А сезонава, а голеадата ја најави Златан Ибрахимовиќ со погодок во деветтата минута.

Само 8 минути подоцна Пулгар гаѓаше мајсторски од слободен удар и успеа да го вплетка и Донарума во мрежата заедно со топката.

Првиот пресврт на мечот го донесе Франк Рибери, со гол во 51. минута, но Милан покажа победнички карактер и славеше многу важна победа со головите на Брахим Дијас и на Хакан Чалханоглу.

Роснерите останаа на второто место на табелата со 59 бода, шест помалку од лидерот Интер, но со еден меч повеќе. Фиорентина е на 14. позиција со 29 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести