„Пушкаш арената“ еруптираше по голот на Фиола против Франција (видео)

Атила Фиола е човекот кој по 528 минути мирна мрежа го совлада Уго Љорис и ѝ донесе предност на Унгарија против светскиот првак Франција.

Од втор план крилниот играч на Унгарците се искраде пред одбраната на Триколорите и погоди за 1-0 во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме, по што преполната „Пушкаш арена“ во Будимпешта еруптираше од радост.

- Оглас -

Најнови вести