-0.2 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Рабио го чува сонот на Милан за титула (Видео)

Милан го совлада Комо како гостин со 1-3 во заостанатиот натпревар од 16-тото коло на италијанската Серија А.

Со оваа победа, Росонерите стигнаа до 43 бода од 20 натпревари и се приближија на -3 зад лидерот Интер. Комо останува шести со 34 освоени бода.

Неверојатен натпревар се одигра на брегот на познатото езеро. Домаќинот, Комо, според играта заслужи барем еден бод, но Милан успеа да го извлече дуелот благодарение на францускиот играч Адриен Рабио, кој го донесе пресвртниот момент. Тој прво изнуди пенал, а потоа постигна два гола.

Комо беше доминантен во првото полувреме и поведе веќе во десеттата минута, кога Батурина центрираше од корнер, а Кемпф со глава од петерецот погоди за 1-0.

Милан продолжи да напаѓа, а во 45-тата минута Рабио беше соборен од Кемпф во казнениот простор по одличното додавање од Салемакерс. Пеналот го реализира Нкунку за 1-1.

Пресвртот се случи во 55-та минута. Рафа Леао продре по левата страна и одлично го пронајде Рабио во шеснаесетникот. Французинот ја прими топката со гради и со левата нога од околу десет метри ја смести во мрежата за 1-2.

Комо се обиде да се врати, но Нико Паз ja погоди гредата во 60-тата минута, а уште неколку шанси останаа неискористени. Во 88-та минута Рабио постигна прекрасен гол за конечни 1-3, ставајќи точка на фантастичната партија.

- Оглас -

Најнови вести