Рабио уште сега може да ги пакува куферите

Адријан Рабио нема да добие нов договор од ПСЖ, потврди спортскиот директор на клубот, Антеро Енрике. Шампионот на Франција нема намера да му ги исполни барањата на фудбалерот, кому по крајот на сезоната му истекува договорот.

Иако во првиот дел од сезоната Рабио е редовен стартер во составот, од клубот известија дека до крајот на шампионатот тој нема да добива шанса да игра, освен ако е неопходно. Рабио во јануари ќе може да преговара со клубови кои се заинтересирани за да го доведат како слободен играч во јуни 2019 година, а може уште сега да ги пакува куферите бидејќи ПСЖ ќе прифати да го продаде уште во јануарскиот преоден рок доколку некој клуб има намера да издвои средства за неговите услуги.

„Ова е одлука на клубот по последниот состанок со претстанвиците на Рабио. Тој нема да потпише нов договор, а до крајот на сезоната ќе седи на клупата. Тој веќе неколку месеци си поигруваше со нашето трпение, бараше нереални суми за да остане тука, но ние нема да отстапиме од нашата одлука. Неговото однесување е неприфатливо, нема никаков респект кон клубот кој му овозможи да избие во фудбалскиот свет и кон навивачите кои го поддржуваа цело време“, истакна Енрике.

Неколку гиганти се во игра за неговиот потпис, а како можни дестинации се споменуваат Барселона и Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести