Возбудувањата во Прва фудбалска лига на Македонија продолжуваат денеска со мечевите од 28 коло. Сите шест средби ќе се играат од 16 часот. Во меч кој може ногу да значи за расплетот во долниот дел од табелата, Вардар гостува кај Воска.
Црвено-црните се без пораз повеќе од два месеци и сакаат оваа низа да продолжи и по гостувањето во Охрид. Воска се надева на традицијата која вели дека има пет победи и едно реми во последните шест пресметки со Вардар.
Работнички нема постигнато гол на последните два меча, а со таква неефикасност, тимот од Дебар Маало не може да се надева на рамноправност во трка за титулата. Работнички веќе заостанува 10 бода зад Шкендија и главна цел на Романтичарите ќе биде да се обидат да се изборат за место во Европа.
Интересно е дека на сите девет меча во пролетниот дел, Работнички игра со резултат на кој нема повеќе од два погодоци на натпревар, па токму затоа и квотата за 3+ е голема и изнесува 2.40.
Шкендија и Силекс кои се во трка за титулата, денеска играат на гостински терен, но се фаворити за победи. Возбудливо ќе биде и во Кавадарци, каде Тиквеш е домаќин на Беса, два тима кои грчевито се борат да не испаднат.