Македонскиот прволигаш Работнички доведе големо засилување на голманската позиција. Камерунецот Фабрис Ондоа потпиша договор на една и пол година со клубот од Дебар Маало.
Камерунскиот голман (30) доаѓа како слободен агент, а во кариерата има настапувано за Барселона (Б), Алавес, Остенде, Гимнастик, Истра, РФС…

Тој има 53 настапи за репрезентацијата на Камерун. Дебитираше во 2014 година на возраст од 18 години и го претставуваше Камерун на два турнира на Купот на Африка, освојувајќи го изданието во 2017 година.
На Купот на Африка 2017 во Габон, Фабрис Ондоа беше неприкосновен голман за „Непокоривите лавови“. Тој беше избран за играч на натпреварот во нивната четвртфинална победа над Сенегал, во која го одбрани решавачкиот удар на Садио Мане во пенал-серијата.
Камерун ја освои титулата со победа од 2–1 против Египет во финалето, а тој беше избран во Тимот на турнирот.

