17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Работнички има четири победи по ред против ривалот, но денеска фаворит е Тиквеш (Фото)

Денешниот ден нуди еден натпревар од Првата фудбалска лига на Македонија. Во Кавадарци, Тиквеш го пречекува Работнички.

Според традицијата, Работнички има големи шанси за успех, со оглед дека има четири победи на последните четири дуели против тимот од Кавадарци.

Сепак, Тиквеш сериозно се засили ова лето, па според квотите важи за умерен фаворит на денешниот меч.

„Подготвени сме за стартот на првенството. Тиквеш е квалитетен тим, но ние патуваме во Кавадарци со намера да оствариме добар резултат“, најави капитенот на Работнички, Бесир Демири.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Работнички ќе се одигра на стадионот во Кавадарци, со почеток во 17.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести