Работнички се мачеше со Феникс, но на крајот успеа да го победи

Екипата на Работнички успеа да дојде до победа во второто коло од првата кошаркарска лига, против Феникс 2010, откако беше подобра по продолженијата со 94:90.

„Центарци“ се помачија, но, на крајот успеаја да дојдат до целиот плен и со тоа да останат на максимален ефект, на стартот од новата сезона.

Џексон Емерсон беше лидер со 18 поени, додека зад него следуваше Недим Мустафица кој дојде до бројката од 14.

Кај гостите одлично се претстави младиот Андреј Митревски кој запиша 26 поени.

Со оваа победа, Работнички дојде на делба на првото место со четири освоени бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести