Кошаркарите на Работнички го победија Маџари со 97-74 во меч кој мина во знакот на репрезентативниот бек Виктор Ефремовски кој уфрли дури 50 поени.
Ова беше прв домашен дуел на Работнички во својата сала „Градски парк“, после пауза од околу пет години. Мотивите кај Црвен-белите беа големи, особено кај капитенот Ефремовски кој погоди 9 тројки од 17 обиди. Голем придонес даде и центарот Роберт Рикиќ со 19 поени и 18 скока.
И покрај победата, клубот со најмногу шампионски титули во Македонија остана во опасната она на табелата која води во втора лига, но ако сакаат опстанок и да избегнат срам, ќе мора да продолжат со победи.

