2.8 C
Skopje
понеделник, 24 ноември 2025

Работнички заборави да победува, Струга ја продолжува трката со Вардар (Фото)

Првата фудбалска лига на Македонија ќе се игра и понеделнички, а од 13 часот на програмата е еден меч. Работнички, во дуел на поранешните шампиони, ја пречекува Струга на теренот на ФФМ, а фаворитската улога ја имаат гостите.

Стружани се фаворити според квотите во Sport Life со квота за победа од 1.62, додека победата на домашните има квота од 4.65. Ремито „вреди“ 3.40.

Работнички игра катастрофална сезона во Првата лига и во моментов е на претпоследното место само со седум бода, а последната победа ја забележа пред повеќе од два месеца кога славеше над Пелистер.

Од друга страна, Струга игра одлично и е конкурент за титулата, со четири бода заостанување од Вардар, но и натпревар помалку, овој денешниов против Работнички.

И кога се работи за меѓусебните дуели, Струга е во предност. Стружани имаат три првенствени победи во низа против Работнички и на ниту еден од нив не примија гол.

- Оглас -

Најнови вести