Работно во Интер: Договорен трансферот на Џеко

Един Џеко од Рома треба да биде новото засилување на Интер, откако стигна потврда дека двата клуба го договорија трансферот на босанскиот голгетер за сума од 13,5 милиони евра. Џеко ја прифатил понудата од Нероаѕурите, според двегодишниот договор ќе заработува четири милиони евра по сезона.

Џеко би требало да претставува второ засилување откако пристигна Конте, односно вкупно трето засилување за ова лето. Од претходно е најавен трансферот на македонскиот талент Елиф Елмас, а пред извесно време го капарисаа и Диего Годин откако му истече договорот на Уругваецот со Атлетико Мадрид.

Искусниот „бомбардер“ на Римската волчица веќе извесно време се поврзуваше со преселба во Милано, а откако пристигна Антонио Конте на клупата таа преселба во најскоро време ќе се оствари. Италијанскиот стратег имаше желба да соработува со Џеко и додека предводник на Челзи, но тогаш Босанецот одби преселба во Лондон.

Иако Рома првично бараше 20 милиони евра за неговите услуги, медиумите во Италија тврдат дека немале друг избор па морале да ја спуштат цената.

Триесет и тригодишниот напаѓач сезонава постигна 14 погодоци за тимот од „Олимпико“ во вкупно 33 натпревари, но само девет од нив беа во Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести