Домаќинот Данска ја оправда фаворитската улога во полуфиналето против Исланд, победи со 31-28 и ќе биде противникот на Германија во финалето на Европското првенство во ракомет за мажи.

Данците не доминираа, но во средината на второто полувреме со неколку одбрани на Мелер и Нилсен и брзи голови почнаа да се одлепуваат и таа предност знаеја како да ја сочуваат.
Во 2022 година, Данска беше трета на ЕП, во 2024 втора, а овојпат со право се надеваат дека конечно ќе се вратат на врвот за првпат по 2012 година.

