Откако синоќа за време на мечот со Ним, фановите на Пари Сен Жермен го навредуваа скапо платениот Нејмар, кој по секоја цена сака да си оди од клубот, во одбрана на бразилскиот фудбалер се јави неговата сестра Рафаела.
По навредите (Нејмар е кучкин син) и паролите (Нејмар да те нема) кои беа истакнати на трибините на „Паркот на принцовите“ во Париз, сестрата на Нејмар, Рафаела, која е девојка на португалскиот фудбалер Андре Силва од Милан, не им остана должна на париските фанови и преку социјалните мрежи им испрати порака.
„Какво непочитување, грозни сте. Вие сте чудовишта од луѓе. Посакувате брат ми уште да биде дел од вашиот клубот. Нема ништо да освоите без него“, порача Рафаела.
Според новите шпекулации, откако виде дека Реал Мадрид сериозно се вклучи во трката за потписот на Нејмар, Барселона ја забрза работата. Наводно, од ПСЖ сега се расположени да го добијат Кутињо, плус да земат голема сума пари за Нејмар.
Килијан Мбапе рече дека без Нејмар тимот не е ист, а тренерот Тухел изјави дека треба да бара решенија во кои Нејмар не би бил дел од составот.