Мбапе го избрка Нејмар, сега и ултрасите на ПСЖ го навредуваа (Видео)

Ултрасите на Пари Сен Жермен го навредуваа Нејмар нарекувајќи го „к*рвин син“ на дуелот со Ним што сè уште е во тек. Сега веќе станува јасно дека опцијата за Бразилецот да остане во клубот е минимална.

Во текот на мечот од првото коло во Лига 1 на „Паркот на Принцовите“ вечерва ечеше од навредливо скандирање за една од ѕвездите на францускиот првак, поткрепено со пароли кои беа истакнати на трибините на стадионот.

Претходно и Килијан Мбапе го избрка соиграчот при клупското фотографирање на Светците по освоениот пехар во Суперкупот против Рен.

Нејмар го навлече гневот со изјавите дека сака да се врати во Барселона, но трансферот никако да се реализира. Имаше многу опции, но по гестот на навивачите на ПСЖ вечерва, речиси е сигурно дека најскапиот играч во историјата на фудбалот ќе се сели од Париз.

- Оглас -

Најнови вести