Рафал на Хјустон за нов рекорд на НБА (видео)

Хјустон рокитс ноќеска го совлада тимот на Феникс санс со убедливи 149:113 и ја запиша 53-тата победа во регуларниот дел од сезоната. Ракетите пред своја публика поставија нов НБА-рекорд за реализирани тројки на еден натпревар, против Феникс погодија 27 тројки од 57 обиди, па за една тројка повеќе го урнаа рекордот кои самите го имаа поставено во меч против Сакраменто одигран претходно годинава.

Од вкупно 27 тројки, најмногу погоди Ерик Гордон 8/13, Џејмс Харден шутираше 5/6 за три поени, Такер реализраше четири од девет обиди, Хаус погоди три тројки, а по две тројки реализираа Пол и Риверс.

- Оглас -

Најнови вести