-2.2 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Рафиња му пресуди на Реал: Барселона го освои Суперкупот на Шпанија (Видео)

Барселона стигна до првиот трофеј во новата година откако во спектакуларно финале во Џеда го совлада големиот ривал Реал Мадрид со 3-2 и го освои Суперкупот на Шпанија.


Каталонците први дојдоа до предност со мајсторскиот погодок на Рафиња, но радоста траеше кратко, откако Винисиус јуниор израмни во судиското продолжение на првиот дел. Сепак, Барселона повторно возврати преку Роберт Левандовски, кој донесе ново водство, пред Реал уште еднаш да се врати во мечот со голот на Гонзало Гарсија за 2-2.

Дури три гола беа постигнати во судиското надополнување од првото полувреме.

Во продолжението, иако двата тима имаа свои моменти, ритамот беше нешто помирен. Реал се обидуваше да изврши притисок преку своите брзи офанзивци, но одбраната на Барса успешно ги одбиваше налетите.

Решавачкиот момент се случи во 73-та минута, кога Рафиња повторно се најде во центарот на вниманието и со удар кој Куртоа не успеа да го скроти го донесе победничкиот гол за каталонскиот состав.

И покрај офанзивните замени и силниот финишен притисок од страна на Реал, мадриѓаните не успеаја да стигнат до израмнување, па Барселона на крајот заслужено го подигна трофејот, прославувајќи уште една голема победа над најлутиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести