0.8 C
Skopje
сабота, 13 декември 2025

Рафиња погоди два пати, Барселона ваков биланс на победи немала од 2017 година (Видео)

Барселона продолжува со добрите игри во домашното првенство откако славеше со 2:0 против Осасуна. Ова беше меч од 16. коло во Примера дивисион и се зацврсти на врвот на табелата со 43 бодови.

Долго време се мачеше Барселона да го скрши отпорот на Осасуна, тим кој има најслаб биланс на гостински терен сезонава. Дури до 70 минута се чекаше за домашните навивачи да се израдуваат.

Рафиња по додавање на Педри продре до шеснаесетникот, а потоа биеше силно и прецизно за водство од 1:0.

На вториот гол се чекаше до 86 минута, а повторно стрелец беше Рафиња.

Ова е седма победа на Барселона во првенството и тоа на сите седум средби каталонците славеа со најмалку два разлика. Ваков скор Барселона немала од 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести