Рахим Стерлинг влезе вo топ 4 на престижно рангирање во ЛШ

Крилниот играч на Арсенал, Рахим Стерлинг, се искачи на четвртото место во рангирањето на голови + асистенции на англиските фудбалери во Лигата на шампионите.

Тој забележа две асистенции во реваншот од осминафиналето против ПСВ (2-2) и сега има 46 поени, надминувајќи го Франк Лампард, кој во текот на кариерата стигна до 44.

Рекордер според овој показател е Дејвид Бекам со 52 поена. Хари Кејн од Баерн Минхен има 50 и претендира да застане на врвот, а Вејн Руни 47.

Покрај тоа, Стерлинг е првиот англиски фудбалер кој играл во Лигата на шампионите за четири различни клуба. Освен за Арсенал, тој настапувал и за Ливерпул, за Манчестер сити и за Челзи. Неговото деби во Лигата на шампионите беше против Лудогорец во 2014 година, при победата на Ливерпул со 2-1 на „Енфилд“.

- Оглас -

Најнови вести