Рајковиќ и Митровиќ демантираат: Не е точно дека не сакаме да играме за Србија ако Пикси остане селектор

Српската јавност е разочарана од игрите и од резултатите на националниот тим на Европското првенство, а како што тоа обично се случува во секоја балканска земја, сега на удар е селекторот Драган Стојковиќ, па и дел од фудбалерите.

Пикси се обиде да ги заштити, им порача на новинарите да го критикуваат него, но да ги остават на мир фудбалерите за кои тврди дека го дале својот максимум и дека достојно ја претставиле државата.

Српските медиуми информираа и дека дел од најголемите ѕвезди во селекцијата, Душан Тадиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Александар Митровиќ и голманот Предраг Рајковиќ, најавиле дека нема да играат за националниот тим додека на клупата е Драган Стојковиќ.

Но, дел од нив тоа јавно го демантираа.

„Нареден пат ќе биде подобро, разочарани сме, но не е вистина дека не планираме да играме додека Пикси е селектор”, изјави голманот Предраг Рајковиќ.

Слична изјава даде и Александар Митровиќ.

„Сега сѐ се преувеличува, нема ништо вистинско во тоа што се споменува“, посочи напаѓачот на српскиот национален тим.

 

- Оглас -

Најнови вести