Рајо прави чуда кои не им успеале ниту на Реал, Барселона и Атлетико Мадрид

Рајо Валјекано минимално со 1:0 славеше над Лас Палмас на гости во првиот меч од 35 коло на шпанското првенство. Моментот на одлука се случи во 66 минута кога Алваро Гарсија ја затресе мрежата на Лас Палмас.

Со оваа победа, Рајо постави еден рекорд кој не му успеал на ниту еден друг во Шпанија, вклучувајќи ги и гигантите Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид.

Рајо е првиот клуб кој успеал да победи на четири по ред посети на Канарските острови кај Лас Палмас и тоа во натпревари на гостите немаат примено ниту еден гол.

- Оглас -

Најнови вести