Ракометарите до првото водство во дуелот против Грција дојдоа со цепелин

Ракометната репрезентација на Македонија води со 18:15 по првото полувреме против Грција во пријателскиот дуел кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“.

Во најголем дел од првиот дел Грците беа во водство, а Македонија до првото водство дојде со гол со „цепелин“ и оттогаш ја презеде контролата врз играта и резултатот.

Грците подобро го отворија натпреварот и уште во првата минута постигнаа два гола, а првиот гол за Македонија го постигна Атанасијевиќ. Во првите десетина минути, избраниците на селекторот Кирил Лазаров често грешеа во нападот по што противникот ја одржуваше предноста од два гола (5:7).

Но, како одминуваше времето, ракометарите играа сè подобро и 20-та минута со голот на Цветан Кузмановски, Македонија за првпат дојде до израмнување (10:10).

Во следниот период се играше гол за гол, а првото водство за Македонија (14:13) дојде во 27-та минута и тоа на фантастичен начин и со гол кој стана заштитен знак на ракометарите, со гол со цепелин откако ја измешаа грчката одбрана.
Во последните минути од првиот дел, ракометатите успеаја да направат плус три и да одат на одмор.

- Оглас -

Најнови вести