Ракометарите гостуваат во Литванија, квотите велат дека се умерени фаворити (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија успешно го почна квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2026, со победата над Естонија во Скопје. Сепак, селекторот Кире Лазаров најави дека има уште простор за напредок, а денеска (17 часот) неговите избраници имаат нов голем предизвик, играат на гостински терен против Литванија.

Литванците предводени од Малашинскас и Атанавичуис во првиот дел од дуелот со фаворитот Словенија беа сосема рамноправни, што повикува на внимателност за македонските ракометари.

Според квотите, Македонија е умерен фаворит, а таков е ставот и на репрезентативецот Иван Џонов.

„Не сакаме еуфорично да влегуваме во натпреварот, внимателни сме бидејќи ни е јасно дека нема да биде нималку лесно. Литванците со одличната игра во првото полувреме целосно парираа на Словенија, покажувајќи дека се квалитетна репрезентација. Секогаш е тешко кога се играат квалификациски натпревари на гостински терен, тоа ни е повеќе од јасно, за да се триумфира мора да се биде максимално фокусиран во текот на сите 60 минути. Го анализиравме противникот и се подготвувавме за оваа средба, секако дека ќе сториме се за да славиме бидејќи знаеме дека триумф во Литванија би значел и огромен чекор напред кон билет за ЕП“, изјави Џонов во пресрет на денешниот дуел со Литванците.

- Оглас -

Најнови вести