Ракометарите имаат два гола негатива по првото полувреме против Тунис

Ракометната репрезентација на Македонија има негатива од два гола 14:16 по првото полувреме од дуелот со Тунис во рамки на второто коло во групата 2 во рамки на Президент купот.

Ракометарите очајно го започнаа натпреварот, не успеаја да постигнат гол во првите шест минути, а тоа го искористија Тунижаните кои дадоа дури пет гола и гхо натераа Кирил Лазаров да побара тајм аут.

Првиот гол за Македонија го постигна Гоце Георгиевски, а во следните минути, нашите ракометари ја стабилизираа играта и помалку грешеа во нападот и по серијата од 3:0 намалија на 6:8.

Потоа следеше нов период во кој Црвено-жолтите грешеа во нападот, но благодарение на одличниот Никола Митревски кој имаше шест одбрани во првите 30 минути како и на Дејан Манасков кој даде шест гола, негативата не беше поголема од четири гола.

Во финишот, Македонија направи мини серија од 2:0 и дојде на минус еден во 26-та минута (14:15), а Никола Марковски не успеа да погоди за израмнување. На спротивната страна Дармул погоди за 14:16, резултат со кој се замина на одмор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести