Репрезентацијата на Македонија има одлична шанса да го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања во машки ракомет откако вечерва во Злин ја победи Чешка со 24-24 и се најде на чекор од место на Мундијалот во 2023 година.
Ова е резултат кој ни дава огромни шанси за пласман на СП во Полска и Шведска, бидејќи в недела е реваншот во бастионот „Борис Трајковски“ во Скопје.
Македонскиот тим водеше во текот на целиот меч, имавме и плус седум (17-10), но Чесите во финишот покажаа зошто пред средбата ги сметаа за благи фаворити на хартија.
Талески со 5 гола беше најефикасен, а Лазаров и Георгиевски имаа по 4, додека Митревски имаше 11 одбрани.