Ракометарите ја декласираа Естонија во Талин со 19 гола разлика

Машката ракометна репрезентација ја декласира Естонија на гости со 17-36 и направи голем чекор кон пласман на ЕП 2026. Нашите најдобри ракометари одиграа неверојатен меч во Талин и на полувреме водеа со 10-19. Разликата во квалитетот беше повеќе од очигледна.


Во вториот дел Македонија продолжи со фантастичниот ракометар и оствари огромен триумф.

Најефикасен ракометар во нашиот национален тим беше Филип Кузмановски со шест погодоци. Мартин Томовски забележа 12 одбрани во вториот дел, а Никола Митревски имаше седум во првото полувреме.

По овој триумф, Македонија в недела ја пречекува Литванија во Скопје и треба да го потврди пласманот на Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести