Ракометарките ќе имаат голема поддршка во Битола, досега продадени 80 отсто од билетите

Женската ракометна репрезентација утревечер од 19 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ќе го одигра реваншот од баражот во квалификациите за Светско првенство против Полска, а досега се продадени 80 отсто од билетите.

Нема дилеми дека салата ќе биде исполнета и дека избраничките на селекторот Кристијан Грчевски ќе имаат силна поддршка.

Продажбата на влезници се одвива онлајн (https://mktickets.mk ) и на сите продажни места на МК Тикетс низ Македонија. Цената е 100 денари, а средставата ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.

РФМ ги мотивираше ракометарките со парична награда од 1,5 милиони денари ако се пласираат на СП. Првиот меч го доби Полска со 4 голови разлика (18-22).

Утрово на тренингот тимот беше посетен од градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој им посака успех на ракометарките, и нагласи дека ова претставува голема чест за Битола што е домаќин на еден ваков значаен натпревар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести