Вардар и Алборг за првпат играа во официјален меч, а гостите беа фаворити. Данскиот првак во Скопје дојде како актуелен европски вицепрвак, но никогаш ја немаше почувствувано атмосферата во „Јане Сандански“.
Иако поради здравствените протоколи на трибините имаше само 30 отсто пополнет капацитет, навивачите на Вардар направија одлична атмосфера, а гостите беа збунети. Откако пред крајот напрвиот дел Вардар стигна до 16:15, во второто полувреме во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева дека може да се спаси од пораз.
RESULT: The 2020/21 runners-up are defeated by the 2016/17 #ehfcl winners!@HCVardar defeat ##AalborgHåndbold in their first-ever official meeting, 30:28 (16:16).
Everyone in 🔴⚫️ is happy.#showtimeforchampions pic.twitter.com/IpcFBTEH2c
— EHF Champions League (@ehfcl) September 29, 2021