Селекциите на Данска, Швајцарија и Финска ќе ѝ бидат противници на Македонија во квалификациите за Европското првенство во ракомет кое е закажано за 2022 година. Македонија беше сместена во вториот шешир. Еврошампионатот ќе се игра во Словачка и Унгарија, а на завршницата ќе се пласираат најдобрите две од секоја од осумте групи, плус четири најдобри трети.
Директен пласман имаат домаќините Словачка и Унгарија, плус Шпанија и Хрватска како финалисти на ЕП 2020.
Квалификациите ги почнуваме на 4 или 5 ноември годинава против Финска на домашен терен, а завршуваат на 2 јуни 2021. Со Данска ќе играме во јануари, наместо во март бидејќи Данците учествуваат во квалификациите за Олимписките игри.